Годините минуваат, работите не се менуваат: Реакцијата на Кристијано пред и по последниот пенал за победа на Португалија

Дерби

09/06/2025

11:24

415

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо вчеравечер во Минхен ја осови 36-та титула во својата блескава играчка кариера, но фудбалскиот ветеран ја славеше истата како да е прва.

Голгетерот кој е симбол за неверојатна професионалност и посветеност, секогаш максимално се залага за успех на својот клуб, но посебни емоции дефинитивно има кога игра за Порутагалија.

Како капитен на тимот на 40-годишна возраст, Роналдо го дочека третиот интернационален трофеј како член на португалскиот тим, а тоа е втор во Лигата на нации.

Роналдо не беше дел од дополнителните 30 минути и пенал рулетот, но затоа беше убедливо најемотивен по победата на Португалија од 5:3.

Невеш ја имаше задачата да го постигне победничкиот пенал, а новинарот Флоријан Плетенберг долови како изгледале реакцијата на Роналдо пред пеналот, но и по истиот.