Халибартон со звукот на сирената – Индијана ја шокираше Оклахома

Макфакс

06/06/2025

09:18

470

Големина на фонт

а а а

Кошаркарите на Индијана Пејсерс победија во Оклахома со 111:110, во првиот финален натпревар од НБА лигата.

Пејсерс победија со поените на Тајрис Халибартон во последната секунда од натпреварот.

Претходно МВП-то на лигата, Шеј Гилџес-Александер имаше шут за победа на 11 секунди пред крајот на 110:109, но промаши.

Халибартон ја зеде топката и на 0,3 секунди пред крајот, со скок-шут постигна поени за прво водство на Пејсерс во натпреварот и за победа.

Навивачите и домашните играчи останаа во шок бидејќи Окалхомацело време беше во водство, а во последната четвртина имаше 15 поени разлика (94:79).

Минута и пол пред крајот, Оклахома имаше +5, но Нембхарт од линијата за слободни и Сијакам намалија на 110:109, така што по промашувањата на Вилијамс и Шеј, Халибартон ја замолчи арената.

Халибартон го заврши натпреварот со 14 поени, но вистински херој беше Паскал Сијакам со 19 поени и 10 скока. Арон Најсмит оствари дабл-дабл со 10 поени и 12 скока, а Мајлс Тарнер имаше 15 поени и девет скока.

На Оклахома не ѝ помогна уште еден MВП настап од 38 поени на Шеј Гилџес-Александер. Џејлен Вилијамс додаде 17 поени, а Лугенц Дорт 15 поени.

Вториот натпревар од финалната серија е закажан за во понеделник, исто така во Оклахома.