[ФОТОВЕСТ] VIBE ON Party Bus го раздвижи Скопје!

Точка

05/06/2025

14:28

212

Големина на фонт

а а а

Скопје никогаш не изгледало вака! Уникатната VIBE ON линија на ЈСП вчера ги собра младите на едно тотално поинакво патување, со двокатен автобус претворен во подвижна журка!

Диџејски сет, урбани постојки, подароци и добар вајб на максимум беше причината поради која целиот град вибрираше со позитивна енергија. Од Студентскиот дом „Гоце Делчев“ до ФЕИТ/ФИНКИ, УКИМ, Рекорд, Општина Аеродром, Кисела Вода и назад, VIBE ON Party Bus покажа дека секоја постојка може да биде и забава и инспирација.



Стотина млади уживаа во интеракцијата со хостесите, се запознаа со наградната игра „Вајбај на EXIT“ од Шпаркасе Банка и имаа шанса да добијат супер подароци: од маички, капчиња и торби, до сетови што се подготвени за фестивалско лето.


Оваа активација е уште еден доказ дека Шпаркасе Банка знае што значи вистинско уживање за младите, комбинација од слобода, музика, искуство и вајб што не се заборава.

Со картичката Vibe On и понатаму секоја трансакција носи шанса за нешто големо. А ние ветуваме ДОБАР ВАЈБ цело лето!


Комерцијален текст