Познат англиски судија ќе ја дели правдата на мечот Македонија-Белгија

Дерби

05/06/2025

11:52

272

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во 2026 година, а наш нареден ривал е селекцијата на Белгија.

Утре од 20:45 часот ги пречекуваме Белгијците на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со желба да оствариме позитивен резултат против составот кој го предводи Руди Гарсија.

Одредени се судиите за ова соочување, а истото ќе им припадна на добро познати арбитри и тоа од Премиер лигата.

Главен на центарот ќе биде 39-годишниот Крис Кавана кој во тековнава сезона има судено на 39 средби во сите конкуренции од кои 25 во најсилната англиска фудбалска конкуренција.

Ќе му помагаат Ли Бетс и Нил Дејвис, додека четврти судија ќе биде Сем Барот. Задолжен за ВАР ќе биде Стујарт Атвел, a ќе му помага Кевин Кланси од Шкотска.