Новак Ѓоковиќ му одржа лекција на помладиот Александер Зверев и избори место во полуфиналето на Ролан Гарос, вториот грен слем во оваа календарска година.
Србинот го загуби првиот сет со 6-4, но потоа го надигра противникот со 6:3, 6:2, 6:4 и закажа битка со најдобриот тенисер на светот Јаник Синер.
- Овој последен гејм, во тактичка смисла, тие три или четири дроп-шота што беа одиграни. Од наша перспектива, секој пат се чини дека мора да одиграш посилно. Затоа имаше нервоза, играње под притисок. Не беше вообичаено како во претходните натпревари против Зверев, но беше импресивно. Го видов Фелисијан Лопес таму, мојот голем пријател, и тој ми помогна да ги надминам тие проблеми. Знаете што, мислам дека одиграв одличен натпревар во моите 38 години. И тоа значи нешто. Ако ме прашате зошто сакам да продолжам да се натпреварувам, тоа е натпревар како овој, - истакна Новак веднаш по натпреварот.
Ѓоковиќ направи анализа и на последниот гејм во кој се мачеше да ја потврди победата.
- Размислував за сервисот. Не знам како да го кажам на француски… Се фокусирав на дишењето, немавме многу време да се подготвиме тактички. Имаше и ситуација со ветерот и се обидов да се навикнам на тие околности. Сè функционираше, но стануваше покомплицирано како што одминуваше натпреварот. Буквално размислуваш за тактики и за поминување толку многу време на теренот, - рече Србинот.