Португалските ѕвезди вчера пристигнаа во Минхен и го одржаа стандарниот тренинг пред полуфиналето во Лигата на нации, натпревар со кој ќе биде отворен фајнал-фор турнирот во ова УЕФА натпреварување.
Германија како домаќин е организатор на завршниот турнир, а првото полуфинале кое се игра на „Алијанц арена“ во увертирата донесе и еден комичен момент кој стана вирален.
Кристијано Роналдо како најголема португалска ѕвезда покажа класа и издвои време за фановите со посебни потреби, но неговото соочување со еден од симпатизерите во инвалидска количка му донесе и мал инцидент.
Капитенот на Португалија доби удар во ногата откако електронската количка се придвижи напред, по што следеше навистина смешна и симпатична сцена.
Роналдо се фаќаше со ногата и со насмевка на лицето го прифати извинувањето, пред да направи селфи и со уште еден фан кој чекаше средба со португалската ѕвезда.
Damn he almost ran over Ronaldo.😭😭😭 Imagine if he couldn’t play tomorrow because of that 💀 pic.twitter.com/Ct2nCwS49i
— Freddy🇩🇪 (@FreddyLA7) June 3, 2025