2.164 сообраќајни прекршоци изминатите три дена на територијата на цела држава

Макфакс

04/06/2025

13:39

112

Големина на фонт

а а а

Во текот на првите три дена од овој месец (01./02./03.06.2025) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, евидентирале вкупно 2164 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и по основ на Законот за возила.

Заради возење со брзина поголема од дозволената биле изречени 521 санкции, за неправилно паркирање 473 мерки, додека пак 221 учесник во сообраќајот биле отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола.

Исто така за 125 учесници во сообраќајот изречени се прекршоци за некористење сигурносен појас, 72 возачи се санкционирани за користење на мобилен телефон при управување со возило, и уште 201 лице за неносење заштитна кацига.

Покрај ова изречени се четири прекршоци за лица што управувале електричен тротинет, а изречени се и 10 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, а пак од сообраќај се отстранети 85 возачи заради возење под дејство на алкохол.

Согласно пак Законот за возила во првите три дена од јуни биле изречени вкупно 110 санкции, од кои по основ на технички неисправни возила 39 и по основ на возила коишто не биле регистрирани 71.

МВР најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.