Сити се договори со Милан: Гвардиола добива засилување вредно 70 милиони евра!

Дерби

04/06/2025

12:15

433

Големина на фонт

а а а

Милан остава зад себе разочарувачка сезона во која не успеа да избори излез во Европа, а тоа автоматски само по себе е најава за разделба со неколку звучни имиња од првиот тим.

„Росонерите“ во овој момент не можат да понудат соодветен спортски проект за најдобрите фудбалери, па како што стојат работите, прв кој ќе си замине ќе биде Тиџани Рејндерс.

Холандскиот играч за врска беше најконстантен фудбалер на Милан изминатите две сезони, но поради сериозниот интерес кој пристигна од Пеп Гвардиола, Рејндерс во најскоро можно време ќе го облече синиот дрес на Манчестер Сити.

Како што јавуваат низа угледни извори од Италија и Англија, Манчестер Сити ја договорил сумата со Милан за трансферот на Рејндерс, а откако „граѓаните“ претходно постигнаа договор и со фудбалерот, сега нема никаква пречка за комплетирање на трансферот.

Угледните „Атлетик“ и „Скај Спортс“ информираат дека фиксната цена која ќе ја исплати Манчестер Сити изнесува 55 милиони евра, но трансферот може да достигне и 70 милиони евра поради вклучени бонуси.

Според цитираните извори, двата клуба сега се во фаза на размена на документите, па Холанѓанецот може да биде претставен како засилување на Манчестер Сити уште пред стартот на Светското клупско првенство.