Во средата на територијата на Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат меѓу 11 и 15, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот од 24 до 35 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината, исто така, денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 35-от степен.