Барселона имаше извонредна сезона и успеа да ги освои сите домашни трофеи во Шпанија, но иако беше блиску и до финалето во Лигата на шампиони, каталонскиот гигант сепак остана на два чекори од толку посакуваниот трофеј.
Каталонците загубија од Интер во драматичното полуфинале и мораа да се помират со нова елиминација, која неколку седмици подоцна ја прифаќаат доста полесно поради успехот кој го оствари една клупска легенда на Барса.
Луис Енрике по вторпат во тренерската кариера го подигна „клемпавкото“ кој се доделува за победникот во Лигата на шампиони, а тоа посебно го израдува Гави кој го смета Лучо за најдобар тренер во светот.
– За мене Луис Енрике е број еден, тој е најдобар во светот. Навистина многу се радувам за него, за него и неговото семејство. Исто така се радувам и за Рафел Пол, неговиот помошник, – изјави Гави.
Гави соработуваше со Луис Енрике уште додека беше тинејџер, но повеќе од јасно е дека Лучо му оставил посебен впечаток од заедничката работа во шпанската фудбалска репрезентација.
Gavi: Luís Enriqué is the number one for me. He's the best
— GAVI IS BACK💙❤️ (@V10_fcb_) June 2, 2025
🥺🫶 pic.twitter.com/IMyVCtokJU