Белата куќа објави нов официјален портрет на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го прикажува во малку потемно осветлување од оној објавен пред неговата инаугурација во јануари. На најновиот портрет, Трамп ја носи својата препознатлива црвена вратоврска, а неговото лице е нагласено со длабоки сенки, објави CBS.
Лицето на Трамп беше посветло на портретот објавен претходно оваа година, на кој носеше сина вратоврска. Претходната фотографија имаше американско знаме во позадина, додека новата верзија го прикажува Трамп пред црна позадина.
NEW OFFICIAL PRESIDENTIAL PORTRAIT JUST DROPPED 🔥🇺🇸 pic.twitter.com/mmDIGRRJNi
— The White House (@WhiteHouse) June 2, 2025
Двете фотографии ги направи главниот фотограф на Белата куќа, Даниел Торок.
Белата куќа сподели кратко видео од поставувањето на новиот портрет во зградата на извршната канцеларија Ајзенхауер. Службеник на Белата куќа изјави за CBS дека ажурираниот портрет наскоро ќе ги замени официјалните фотографии на Трамп кои веќе се во федералните згради и канцеларии.
Новата верзија е веќе ажурирана на веб-страницата на Белата куќа.
Официјалниот портрет од првиот мандат на Трамп го прикажува како широко се смее пред американско знаме и носи сина вратоврска.