Најмладиот светски првак во шах, Домараџу Гукеш, го совлада домашниот претставник Магнус Карлсен во 6. коло од престижниот двокружен турнир на елитни шахисти во норвешкиот град Ставангер. Поразот жестоко го погоди Карлсен, кој бурно реагираше на крајот на партијата.
Во директен дуел на двајца светски прваци, 19-годишниот Индиец Гукеш на впечатлив начин му се реваншираше на 34-годишниот Норвежанец Карлсен за поразот во првото коло. Иако имаше добиена завршница, Карлсен направи груба грешка и ја загуби партијата. По завршетокот, со силен удар со тупаница по таблата ги разнесе фигурите, но сепак му подаде рака и му честиташе на победникот.
Останатите две партии со класичен темпо завршија нерешено, а дополнителни половина поен се доделуваше преку плејоф со временски хендикеп (10 минути за еден играч против 7 за другиот). Таму, Индиецот Арџун Еригаиси победи со белите фигури против Кинезот Ји Веи, додека Американецот Фабијано Каруана ремизираше со црните фигури против сонародникот Хикару Накамура, што исто така му донесе дополнителен половина поен.
That moment when World Champion @DGukesh won his game against World no.1 Magnus Carlsen!
— ChessBase India (@ChessbaseIndia) June 1, 2025
Video: @adityasurroy21/ ChessBase India#chess #chessbaseindia #norwaychess #gukesh pic.twitter.com/9YQhHYlia0