Грчката влада ја прекина серијата Олимпијакос-Панатинаикос

Макфакс

02/06/2025

12:45

422

Големина на фонт

а а а

Грчката влада одлучи, засега само да го одложи третиот натпревар од финалето на плејофот помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос, јавуваат медиумите во Атина.

Во истата одлука, заколнатите (не)спортски непријатели беа предупредени дека, доколку страстите не се смират веднаш и спортот не се врати во границите на фер-плејот, серијата нема да продолжи и Грција ќе остане без шампион во сезоната 2024/25.

Во времето на објавувањето на веста, атинската полиција сè уште трага по сопственикот на Панатинаикос, Димитриос Јанакопулос.

Инаку по два одиграни натпревари во финалната серија резултатот е изедначен 1:1.

Министерот за образование Јанис Вруцис закажа итен состанок за среда (5 јуни), на се поканети сопствениците на двата клуба, Димитрис Јанакопулос и браќата Ангелопулос.

Доколку не дадат јасни гаранции за продолжување на натпреварувањето под регуларни услови, првенството ќе биде прекинато, што во моментов е најизвесното сценарио.

Атмосферата беше доведена до точка на вриење, можеби дури и без преседан во модерната историја на грчката кошарка. Судирите, тензиите и хаосот надвор од теренот ја доведоа лигата на работ на целосен колапс.

Портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис потврди дека третиот натпревар од финалето е одложен.

„Доколку не дадат експлицитни гаранции дека ситуацијата ќе се смири, првенството е трајно суспендирано.“

Среда ќе биде денот на одлуката, можеби најважниот во историјата на грчката клупска кошарка. Сите очи ќе бидат насочени кон Јанакопулос и браќата Ангелопулос, односно нивната подготвеност да постигнат договор ќе одлучи дали финалната серија ќе продолжи или сè ќе „падне во вода“.