Нејмар даде гол со рака, па заработи црвен картон

Дерби

02/06/2025

11:23

86

Големина на фонт

а а а

Нејмар се врати во родниот Бразил и се обидува да влезе во посакуваниот ритам и форма, но неговиот статус на ѕвезда сигурно нема да го спаси од санкции при неспортски потези како што беше на дуелот со Ботофого.

Напаѓачот сакаше да се направи „мангуп“ и постигна гол со рака, потег за која веднаш беше санкциониран од судијата со жолт картон што беше негов втор и мораше предвреме да оди на туширање. Тој го остави својот тим со десет играчи, ситуација која Ботофого ја искористи, реализираше во 87 минута преку Артур за славје од 1-0.