Куња е првото засилување за Манчестер јунајтед

Макфакс

02/06/2025

10:44

117

Големина на фонт

а а а

Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед го официјализираше трансферт на напаѓачот на Вулверхемптон, Матеус Куња.

„Црвените ѓаволи“ решија што побрзо да ја завршат работата, решија да ја платат откупната клаузулата. Вулверхемптон од трансферот заработи 74 милиони евра.

Куња со „црвените ѓаволи“ потпиша петгодишен договор.

Ќе биде интересно да се види како Рубен Аморимо ќе го искористи стрелецот со 17 голови оваа сезона. Дали ќе игра како шпиц или нешто порезервирано со Бруно Фернандес во формацијата 3-4-2-1.