Јувентус планира голема чистка, Џунтоли и соработниците ќе добијат отказ

Дерби

30/05/2025

11:47

297

Големина на фонт

а а а

Враќањето на Антонио Конте остана неостварена желба на раководството на Јувентус, но тренерската позиција не е единствен проблем за италијанскиот клуб.

Медиумите најавуваат голема чистка и во раководството, а најголемо изненадување е што пред отказ е спортскиот директор Кристијано Џунтоли и неколку негови најблиски соработници.

Само две години откако дојде од Наполи во Јувентус, Џунтоли ќе биде отпуштен од „бјанконерите“, бидејќи највисокото раководство веројатно не може да помине преку неколку скапи трансфер промашувања и утката со тренерот Тиаго Мота.

Џунтоли вчера не се појавил на откривањето нов споменик посветен на жртвите во Хејсел, церемонија на која бил Џон Елкан, кој е човек број еден во однос на повлекувањето клучни потези во клубот.

Деновиве промоција во Јувентус ќе има Демијен Комоли, кој има сериозно искуство и до пред некој ден беше претседател на Тулуз, а „Тутоспорт“ најавува ангажирање уште неколку докажани имиња во спортскиот менаџмент и скаутинг.