Беелата куќа му се заблагодари на Илон Маск за неговата услуга, откако милијардерот објави дека ја прекинува својата вклученост во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, изјави портпаролката на претседателот.
„Му благодариме за неговата работа. Му благодариме што го основаше DOGE (кратенка од неговиот Оддел за владина ефикасност), а напорите за намалување на измамите и злоупотребата ќе продолжат“, им рече на новинарите портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит.
Таа одби дополнително да коментира за заминувањето на милијардерот кој оваа недела првпат го критикуваше неговиот близок сојузник Трамп.
Маск вчера потврди дека ја завршува својата мисија за намалување на федералните трошоци.
„Како што завршува мојот мандат како специјален вработен во владата, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп што ми даде можност да ги намалам непотребните трошоци“, напиша претприемачот во средата на својата платформа за социјалните медиуми „Икс“.
„Мисијата Doge ќе стане уште посилна во иднина и ќе стане начин на живот во владата“, рече шефот на „Тесла, „Слејс Икс“ и „Икс“.
Членовите на администрацијата на Трамп ќе работат со персоналот на DOGE во различни федерални агенции за да ги унапредат постоечките напори, објави во четвртокот Белата куќа.
Министрите тесно соработуваа со Илон Маск и ќе продолжат да соработуваат со вработените во DOGE кои им се приклучија на сите овие агенции откако беа назначени од претседателот, изјави Левит за новинарите.