[ФОТО] Чуварката на плажата по 29 години повторно во истиот костим за капење: Нереално е како изгледа сега, како никогаш да не остарела

Точка

29/05/2025

14:30

2.023

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата од „Чувари на плажата“, Дона Дерико се потсети на своето време во хит серијата од 90-тите, позирајќи во својот култен црвен костим за капење.

Атрактивната 57-годишна актерка, која ја играше Дона Марко во серијата од 1996 до 1998 година, привлече внимание во огнено црвениот костим за капење на фотографија што ја сподели на својот Инстаграм.


„Погодете кој го најде својот стар костим за капење“, напиша таа под фотографијата.

Дона позираше во својата спална соба, а нејзиниот младешки изглед продолжува да ги воодушевува обожавателите на серијата кои коментираа дека сè уште ѝ стои совршено.

Актерката откако позираше за „Плејбој“, постојано ја истакнуваше својата фигура во тесна долна облека.


Таа често беше и мета на негативни коментари за ова, а претходно изјави дека се чувствува „убаво“ и покрај тоа што била критикувана дека е „премногу стара“ за да споделува фотографии од бикини на интернет.