Наташа Маза (42), денес позната пејачка и изведувачка, родена како Небојша беше првата српска пејачка која отворено прозборе за нејзината транзиција.
Промената на полот се случила во 2007 година, а патот до автентичен живот бил сè освен лесен. Наташа поминала низ бројни предизвици, но и покрај сè, успеала да го пронајде својот мир и сега отворено ужива во животот што го избрала.
Многумина немале можност да ја видат пред операциите, но на социјалната мрежа Икс се појави фотографија од периодот кога таа сè уште живеела како маж.
Инаку Наташа го привлече вниманието и кога отвори профил на платформа за содржини за возрасни, каде што корисниците споделуваат ексклузивни, интимни фотографии за паричен надомест.
„Вистина е. Отворив профил на платформата за возрасни. Бев принудена да го направам тоа поради лоши семејни односи и сложената семејна ситуација поради што имав финансиски проблеми. Таквата одлука е привремено решение и засега сум многу задоволна. Не се срамам од моето тело и немам проблем да го покажам, а освен тоа, не сакам тоа да ме дефинира или омаловажува. Секој што е во можност може да се претплати и да види каква содржина објавувам“, изјави таа во една прилика за српските медиуми.
Сопругот ненадејно починал пред речиси две години
Пред речиси две години, пејачката соопшти дека нејзиниот сопруг починал. Таа тогаш објави посмртница и фотографии од свадбата, по што проговори за медиумите:
„Скршена сум од болка! Завиткана во црно, секој ден сум кај него на гробиштата Бежанија. Ништо не ја навестуваше трагедијата, не можам да се помирам со фактот дека повеќе го нема… Разговаравме во 18 часот, рече дека ќе се јави пред спиење. Во 18:10 скокнал од прозорецот. Знам дека ме чека и тоа ми е единствената утеха“, изјави тогаш Наташа, додавајќи дека имала идиличен брак со нејзиниот партнер:
„Нашата врска беше совршена, бевме во брак 12 години, наскоро ќе беше нашата 13-годишнина. Имавме многу планови, но не успеавме да ги реализираме. Се сеќавам на последните зборови што ми ги кажа, никогаш нема да ги заборавам … Рече: „Љубов моја, те сакам многу, па дури и повеќе од тоа…“ И го прекина разговорот. Тоа беше последен пат кога го слушнав гласот на мојот сопруг“, заклучи пејачката низ солзи.