[ВИДЕО] Концерт во чест на починатиот тапанар на ДНК и емотивен говор на неговата мајка: „Твојот мирис остана, тивко нѐ потсеќа на љубовта што ја имаше спрема секој човек“

Точка

29/05/2025

16:00

1.729

Големина на фонт

а а а

Вчера, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица се одржал хуманитарен концерт во чест на тапанатор на ДНК, Ѓорѓи Ѓорѓиев (Џоче) којшто беше еден од трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На плоштадот присуствувале стотици луѓе кои од срце сакале да му оддадат почит на младото момче кое го загуби животот таа кобна ноќ, а вечерта била исполнета со солзи и емоции кои луѓето не можеле да ги сопрат.

Една од песните која била изведена и која привлекла најголемо внимание и разбудила емоции кај публиката е хитот на ДНК „Ако утре ме нема“, а меѓу присутните било и семејството на Ѓорѓи.

Мајката на Ѓорѓи, Зорица, напишала и говор за нејзиниот покоен син којшто бил прочитан на сцената.

Зборови напишани од мајката на Џоче, Зорица, беа прочитани на концертот посветен на трагично загинатиот тапанар на ДНК Ѓорги Ѓоргиев во пожарот во Кочани.

Posted by Strumicko/ Струмичко on Wednesday, May 28, 2025

Говорот ви го пренесуваме во продолжение:

„Како доказ дека љубовта и спомените никогаш не завршуваат.

Џоко беше една сјајна ѕвезда, што дури и зборовите за опишување беа малку. Во тебе имаше една музичка искра што успеа да постигнеш многу висок успех. Со тоа, нè направи нас горди родители, да бидеме горди на тебе.

Љубов, тага, болка, хуманост вечерва на концертот посветен на тапанарот на ДНК нашиот Џоче.

Фотогалерија 1

Фото:#KirePilicev

Posted by Strumicko/ Струмичко on Wednesday, May 28, 2025

Човек како човек ја сака најубавата ружа што ќе ја види, ете затоа ти беше една од најубавите ружи што прерано нè напушти. Но, твоето присуство сè уште се чувствува меѓу нас. На таа ружа корените никогаш нема да се откинат. Уште чувствуваме како растеш. Твојот мирис остана, тивко нè потсеќа на љубовта што ја имаше спрема секој еден човек. Само што не знаев дека мирисот може да донесе болка. Се чувствува толку силно и боли уште посилно, но твојот лик и твојата душа денес пак ги сплотија душите на многу луѓе, пак си ти причината да се обединиме и пак силно се чувствува твојата енергија на тапанот, која е шепот по сите улици, беше и ќе остане. Отсекогаш беше сакан помеѓу луѓето и засекогаш ќе останеш во нашите срца. Те сакаме бато Џоче“.

,,Ако утре ме нема,, големиот хит на ДНК кој Џоче последен пат го ,,истропа,, заедно со својот бенд во кобната дискотека Пулс на 16.3.2025 каде животот го загубија уште 61 претежно млади луѓе, синоќа се пееше на концертот посветен на Ѓорги Ѓоргиев.

Posted by Strumicko/ Струмичко on Thursday, May 29, 2025