„Бев принудена на сцена со силување“: Каскадерка изнела тешки обвиненија против Кевин Костнер, на актерот му се заканува затворска или парична казна

Точка

29/05/2025

15:00

1.351

Големина на фонт

а а а

Холивудската легенда Кевин Костнер се нашол во центар на скандалите, откако дублерката Девин Лабела го тужела, тврдејќи дека во текот на снимањето на филмот „Horizon 2“ била принудена да сними сцена со силување без претходно да биде известена за тоа.

Лабела во тужбата против Костнер навела дека актерката Ела Хант, на која сцената ѝ била наменета, одбила да ја сними, па таа била принудена да влезе како замена, пренесува „Variety“.

Како што тврди дублерката, проблемот настанал кога никој не ѝ кажал што содржи таа сцена, а како што наведува, таа вклучувала насилно соборување на земја, повлекување на здолништето и физичко напаѓање од страна на машки актер.


На сетот, како што тврди Лабела, немало координатори за интимни сцени, што е стандардна пракса кај снимањето на вакви содржини. Исто така, снимањето се одвивало на отворен сет, без никаква приватност, што дополнително го зголемило понижувањето и траумите.

Лабела нагласила дека само еден ден пред инцидентот снимала сцена со физичко насилство во целосно професионални услови, што дополнително истакнува како овој настан не бил ни близу до стандардите кои се очекуваат.

Според правилата на американската филмска индустрија, сите учесници во сцените кои содржат голотија или сексуален контакт мора да бидат однапред известени, најмалку 48 часа претходно и мора да се даде согласност.

Костнер преку својот адвокат, популарниот Мартин Сингер, ги демантирал сите наводи и истакнал дека секогаш се грижел за безбедноста и доброто на сите на снимањето.


Неговиот правен тим тврди дека обвиненијата се „неосновани“ и дека Лабела во минатото поднесувала слични тужби против други луѓе од филмската индустрија.

Обвиненијата за насилство во текот на снимање би можело скапо да чинат – на актерот му се заканува затворска или парична казна.