Војната на Кенеди против вакцините: Откажан договор вреден 590 милиони долари! Министерот на Трамп не ја поддржува борбата против птичји грип и покрај епидемиолошкиот ризик

Точка

29/05/2025

18:25

643

Големина на фонт

а а а

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вчера го поништи договорот вреден 590 милиони долари склучен со компанијата „Модерна“ за развој на вакцина од типот "iRNK" против птичји грип.

Станува збор за најновата мерка против примената на вакцини што ја презеде американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Помладиот, познат по своите изјави со кои ги доведува во прашање медицинските научни достигнувања.

Договорот, објавен само три дена пред враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа на 20 јануари, требаше да го забрза развојот на "iRNK" вакцина против вирусот "H5N1" на птичјиот грип, кој циркулира меѓу крави и птици.


Експертите веќе предупредија на ризик од пренос на вирусот врз луѓето и потенцијалот за нова пандемија.

„Moderna“ вчера соопшти дека Министерството за здравство на САД ги укинало субвенциите во износ од 590 милиони долари, иако истовремено беа претставени позитивни резултати од клиничките испитувања спроведени на 300 луѓе.


„Иако прекинот на финансирањето од страна на Министерството за здравство внесува извесна неизвесност, ние сме задоволни од силниот имунолошки одговор што го забележавме во оваа анализа“, изјави генералниот директор на „Moderna“, Стефан Бансел, во соопштение.

Компанијата најави дека ќе ги разгледа „можните алтернативи“ за финансирање на понатамошниот развој и производство на вакцината, се додава во соопштението.


САД на почетокот од јануари го пријавија првиот смртен случај кај човек предизвикан од птичји грип. Станува збор за маж на возраст од околу 65 години, кој починал во јужната американска сојузна држава Луизијана по заразување со вирусот "H5N1".