Во четвртокот на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²).
Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Утринските температури се движат од 4 до 14, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 10 и 24 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 20 степени.