Николовски: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи државата, ја замени европската перспектива со националистичка хистерија

Макфакс

30/05/2025

21:11

287

Големина на фонт

а а а

Слободата, еднаквоста и прогресивноста се основни вредности на СДСМ, порача пратеникот Љупчо Николовски од Крива Паланка, на почетокот на караванот „Мугри на слободата“.

„Од Крива Паланка пак ќе тргне победата. Како што во 2010 освоивме десетпати подобар резултат, така и денеска ќе се исправи грешката од 8 мај. И на локалните и на парламентарните избори“, порача Николовски.

Оваа Влада, додаде тој, ја замени европската перспектива со националистичка хистерија.

„Наместо визија – ширење на омраза. Наместо отворени кластери и ЕУ грантови – нови долгови. Наместо неповратни средства од ИПА фондовите – кредити со камати.

Наместо да сме како Албанија, која отвора кластери со ЕУ, нашата власт ги задолжи идните генерации со кредити од држави, а не од меѓународни институции. Ние бевме лидери во ИПАРД, тие сега ни ја укинуваат целата перспектива“, рече Николовски.

Тој додаде дека дека борбата за слобода не почнала вчера и дека продолжува.

„Се боревме со протести, со бомби, со маршеви. И ќе продолжиме да се бориме. Без систем и без ЕУ, ништо нема да се смени. А тие што велат дека ќе градат систем, не направија ништо освен што го оставија Кочани без државна поддршка“, истакна Николовски.

Тој остро ја нападна владата и за маргинализирањето на Крива Паланка: „Го бришат градот од сите капитални програми, не постои министер што ја посетил општината. Тие не само што немаат план, туку немаат ни доблест да се појават меѓу луѓето“, рече Николовски.

Николовски заклучи дека СДСМ останува единствената државотворна партија, со визија и искуство да ја врати Македонија на вистинскиот пат. „Сега е моментот да се исправат неправдите“, кажа тој.