Дваесет години затвор за францускиот хирург кој силувал стотици пацинети, најмногу деца

Макфакс

28/05/2025

18:47

372

Големина на фонт

а а а

Францускиот суд денеска го осуди пензионираниот хирург Жоел ле Скварнек на 20 години затвор за силување и сексуално злоставување на стотици пациенти, од кои многумина биле деца, често додека биле под анестезија или додека се буделе по операциите, објави „Франс 24“.

Пензионираниот хирург Жоел ле Скварнек (74) призна дека сексуално злоставувал стотици пациенти во текот на повеќе од две децении, во еден од најголемите случаи на сексуална злоупотреба на деца во Франција.

Скварнек веќе е во затвор откако во 2020 година беше осуден на 15 години за силување и сексуално злоставување на четири деца, вклучително и две од неговите внуки.


На судењето за силување на пациенти, кое почна во февруари, тој призна дека сексуално нападнал или силувал 299 пациенти, од кои 256 биле помлади од 15 години, во болниците во западна Франција помеѓу 1989 и 2014 година. Тој беше обвинет за 111 силувања и 189 сексуални напади.

Жртвите, кои беа застапувани од 60 адвокати, и застапниците за правата на децата рекоа дека случајот на хирургот ги истакна системските пропусти што му дозволија на Ле Скварнек постојано да врши сексуални злосторства.