Муцунски од Вашингтон: Постигнат конкретен напредок во преговорите за намалување на тарифите

Макфакс

30/05/2025

12:04

348

Големина на фонт

а а а

За време на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Џејмисон Грир, трговски претставник во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Средбата беше фокусирана на унапредување на билатералната трговска размена и отворање нови можности за економска соработка меѓу Северна Македонија и САД.

„Важно е да истакнам дека постигнавме конкретен напредок во преговорите за намалување на тарифите, како и во дефинирањето на следните чекори кон потпишување Договор за слободна трговија“, информираше министерот Муцунски преку социјалните мрежи по средбата.


Во текот на разговорите, министерот Муцунски ги претстави и економските политики на Владата насочени кон подобрување на деловната клима, поттикнување на странски директни инвестиции и обезбедување стабилна и предвидлива регулаторна рамка за американските компании заинтересирани за инвестирање во Северна Македонија.