[ВИДЕО] „Губи се оттука, губитнику“: Читач од усни откри што му рекла Брижит на Макрон по виралната шлаканица

Точка

28/05/2025

17:29

933

Големина на фонт

а а а

Реакциите по шлаканицата која Брижит Макрон му ја упати на својот сопруг Емануел Макрон не стивнуваат, а сега еден експерт, поточно читач од усни, откри што му рекла првата дама на францускиот претседател по инциндентот.

Брижит прво го наркла својот сопруг „губитник“, а потоа физички го турна кога излегувале од авионот во Виетнам и го удирала.

Овој необичен момент, кој беше снимен од камерите на почетокот на официјалната турнеја низ Југоисточна Азија, предизвика лавина од коментари во француските и светските медиуми.

Видеото, кое го анализираше експерт за читање усни ангажиран од британскиот Експрес, ја прикажува Брижит Макрон како го удира својот сопруг додека се отвора вратата од авионот. Претседателот Макрон потоа го поздравил персоналот, додека еден член на екипажот брзо го напуштил местото на настанот видливо вознемирен.

Во продолжение, Макрон се обидел да ја смири ситуацијата и ѝ сигнализирал на Брижит да го следи, но тензијата не стивнувала.

На врвот од скалите, претседателот ѝ ја подал раката на сопругата, но таа го игнорирала и се држела за оградата. Додека таа поминувала покрај него, наводно ги изговорила зборовите: „Dégage, espèce de loser“, што во превод значи: „Држи се подалеку, губитнику!“ Потоа Макрон тивко ѝ предложил: „Ајде да пробаме, те молам?“, на што Брижит отсечно одговорила: „Не“. Целата сцена завршила со неговиот коментар: „Разбирам“.

Овој момент, кој се прошири со молскавична брзина на социјалните мрежи, предизвика бројни реакции во Франција, но и во целиот свет.

Претседателот Макрон се обидел да ја смири ситуацијата велејќи дека станува збор за приватна шега меѓу сопружниците. „Се расправаме и всушност, се шегуваме“, им рече тој на новинарите, опишувајќи ги реакциите на јавноста и медиумите како претерани.

Елисејската палата дополнително објасни дека тоа бил момент на опуштање и блискост пред почетокот на напорната државна посета.

Да потсетиме дека Емануел и Брижит Макрон се во брак од 2007 година. Тие се запознале кога Макрон бил ученик, а Брижит му била професорка по француски јазик и раководителка на драмската група во Амиен. Нивната врска, која од самиот почеток привлекува внимание од јавноста, повторно е под лупа по овој инцидент.