Јунајтед го договорил првиот трансфер, но не добил никаква отстапка за условите

Дерби

28/05/2025

11:46

457

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед експресно ќе почне со повлекување трансфер потези во пресрет на новата сезона, а англиските медиуми тврдат дека веќе е договорено првото засилување.

„Би-Би-Си“ објави дека синоќа „црвените ѓаволи“ постигнале конечен договор со Волвс за трансферот на Матеус Куња, а „волците“ успеале да извлечат максимум од продажбата на Бразилецот.

Јунајтед не добил никаков попуст и ќе мора да ја плати целата откупна клаузула од 62,5 милиони фунти и тоа според условите кои ги наметнал клубот кој сезонава освои ист број бодови со екипата предводена од Рубен Аморим.

Покрај сериозната сума која ќе биде исплатена, Јунајтед ќе мора тоа да го направи на три еднакви рати во наредните две години, а не на пет годишни рати како што клубот се обидел да испреговара во текот на разговорите.

Со последниот развој на настаните, Манчестер добил дозвола да преговара со фудбалерот и да организира лекарски прегледи за комплетирање на трансферот.