„Њујорк тајмс“: САД се загрижени дека Израел ќе го нападне Иран без предупредување

Макфакс

28/05/2025

10:34

216

Големина на фонт

а а а

Американските претставници се загрижени дека Израел би можел да започне напади врз Иран поради нуклеарната програма на таа земја без претходно предупредување, објави денес „Њујорк тајмс“.

Во извештајот се наведува дека американските разузнавачки служби веруваат дека Израел би можел да се подготви за напад за само седум часа, давајќи им на САД време да извршат притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се откаже од таков план.

Весникот „Њујорк“ наведува дека американските разузнавачки служби се сомневаат во ефикасноста на едностраниот напад на Израел, додека израелските претставници веруваат дека САД нема да имаат друг избор освен да му обезбедат помош на Израел ако Техеран возврати, пренесува Танјуг.

Во извештајот, исто така, се наведува дека израелските претставници му кажале на Вашингтон дека нападот би можел да се изврши дури и ако се постигне нуклеарен договор меѓу САД и Иран.

Овие изјави следеа по извештаите за несогласувања меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер во врска со нуклеарната програма на Иран.