Малверот за кражба на лозинки „Lumma“ пронајден на 394.000 "Windows" компјутери

Точка

27/05/2025

15:06

653

Големина на фонт

а а а

Компанијата "Microsoft" и надлежните институции за спроведување на законот објавија дека, со судско овластување, спровеле акција за отстранување на "Lumma" — распространет малвер за кражба на податоци, откриен на над 394.000 "Windows" компјутери ширум светот, претежно во Бразил, Европа и САД.

Технолошкиот гигант поведе граѓанска тужба со цел да добие дозвола од федерален суд за заплена на 2.300 домени кои функционирале како мрежа на командни и контролни сервери за овој злонамерен софтвер. Министерството за правда исто така заплени пет дополнителни домени кои биле дел од инфраструктурата на "Lumma".


Малверот "Lumma", кој краде лозинки, честопати се крие во сомнителни видеоигри или „крекувани“ апликации преземени од интернет. Откако ќе го зарази компјутерот, овој злонамерен софтвер ги краде најавите, лозинките, податоците од кредитни картички и криптовалути, а потоа овие информации ги препродава на други сајбер-криминалци. Дополнително, "Lumma" служи и како „задна врата“ преку која хакерите можат да вбризгаат друг малициозен софтвер, како на пример "ransomware".


Малверите за кражба на лозинки, како "Lumma", сè почесто се користат во сајбер-напади насочени кон технолошки компании и крадат големи количини податоци, како што беше случајот со нападите врз "PowerSchool" и "Snowflake".