Шпанците ја открија единствената вистина за пеналот кој донесе критики за Мбапе на прошталниот меч на Модриќ

Дерби

27/05/2025

12:46

254

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ изминатиов викенд го одигра последниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ и се збогуваше од фановите на Реал со победа над Реал Сосиедад, па иако испраќањето беше нависитна спектакуларно, малку фалеше истото да биде збогатено и со постигнат гол.

Кога „кралевите“ добија пенал во првото полувреме, сите навивачи на „Бернабеу“ во еден глас го скандираа името на Модриќ и бараа Хрватот да ја изведе најстрогата казна, но Хрватот уште еднаш покажа класа и во вакви моменти му го отстапи пеналот на Мбапе.

Во ситуација кога Килијан се бореше за освојување на „Златната копачка“ како најдобар европски голгетер, Модриќ му порача на Мбапе да продолжи со подготовката и да го изведе пеналот, дури и во ситуација кога Асенсио му пријде на Лука и побара да го послуша советот од цел стадион.

Модриќ остана на своето и му остави на Мбапе да го изведе пеналот, па иако Французинот не го реализираше во прв момент, одбиената топка се врати кај него и погоди за 1:0.

Токму Лука беше оној кој прв се израдува на голот кој го постигна неговиот соиграч, кој изминативе денови доби и доста критики се до објавеното видео од шпанските медиуми.

– Многу ме погоди тоа што дел од луѓето мислат дека сум себичен и дека не сум сакал да му го оставам пеналот на Модриќ. Однапред имавме договор дека јас ќе го изведам првиот пенал, а тој вториот доколку дојде до тоа, – открива Мбапе.

Видеото погледнете го ТУКА.