На германските власти треба да им се одземат „лажичката за шеќер“ и „хартиената марамица“ изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, во својот Телеграм, осврнувајќи се на контрадикторните изјави на раководството на таа земја за прекинување на дострелот на оружје испратено во Украина.
Захарова го привлече вниманието на фактот дека германскиот вицеканцелар Ларс Клингбајл ја негираше изјавата на канцеларот Фридрих Мерц за укинување на ограничувањето на дострелот на оружјето испорачано на Украина.
„Па, одземете им ја веќе еднаш „лажичката за шеќер“ и „хартиената марамица“! „Се надевам дека барем овие двајца не се степаа како Макронови“, нагласи Захарова.
Откако францускиот претседателски авион слетал на пистата во Ханој, камерата ја снимила првата дама на Франција, Брижит Макрон, како го удира својот сопруг. После тоа, двојката се симнала по скалите на авионот, а Макрон, како и обично, ѝ ја понудил раката на жената – меѓутоа, таа го игнорирала и ја зграпчила оградата, пишуваатн светските медиуми.
Макрон денес негираше дека се скарал со сопругата Брижит и рече дека тој и неговата сопруга „се шегуваат, како што тоа често го прават“.
Макрон истакна дека и други видеа биле погрешно протолкувани, вклучувајќи „заговори“ за кокаин и расправија со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објавува „Гардијан“.
Елисејската палата прво објави дека снимката не е автентична, туку дело на вештачка интелигенција. Но штом новинарите потврдија дека тоа е вистина, се појави нова верзија на вистината: „Тоа е само брачна расправија“. Друг извор од Елисејската палата изјави дека двојката „се опуштала последен пат пред почетокот на посетата, забавувајќи се“.