Северна Кореја: Златната купола е закана што може да предизвика нуклеарна војна во вселената

Макфакс

27/05/2025

11:47

208

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја ги критикуваше плановите за противракетниот систем „Златна купола“ на американскиот претседател Доналд Трамп, со проценка дека системот би претставувал „многу опасна“ закана што би можела да предизвика „нуклеарна војна“ во вселената, објавија денес севернокорејските медиуми.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја издаде меморандум „за да ја информира меѓународната заедница дека воспоставувањето нов систем за ракетна одбрана од страна на Соединетите Американски Држави (САД) е многу опасен „заканувачки потег“ насочен кон закана по стратешката безбедност на државите со нуклеарно оружје“, соопшти официјалната новинска агенција KCNA.

Во меморандумот се наведува дека САД се „решени да ја милитаризираат вселената“ и сакаат да ја трансформираат „во потенцијална нуклеарна воена зона“.

Минатата недела Доналд Трамп објави нови детали од планот и најави издвојување на 175 милијарди долари за системот за противракетна одбрана.

Тој рече за системот „Златна купола“ дека е многу важен за успехот и опстанокот на САД.