ВМРО-ДПМНЕ: Изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште со инвестиција од 1,3 милијарди од британскиот заем

Макфакс

27/05/2025

09:45

207

Големина на фонт

а а а

Изминатите 7 години СДС и ДУИ ја заборавија животната средина, немаше ниту еден проект за заштита на животна средина и намалување на аерозагадувањето. За владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заштитата на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот е главен фокус. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и решенија за заштита на животната средина. Конкретен план за Чебрен и Галиште, истакнуваат од партијата на власт.

Според нив, изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште се стратешки проект, најмалку од три главни аспекти.

„Овие две хидроцентрали се потребни не само од аспект на производство на електрична енергија.

Од аспект на климатските промени, овие два нови резервоари за вода заедно со постојната Тиквеш, ќе обезбедат дополнителна количина вода за тиквешко поле, 55-60 илјади хектари прва класа земјоделско земјиште каде има многу земјоделци, овоштари, каде се користи организираниот систем за наводнување а во одреден период од годината се јавува недостаток на вода.

Исто така, овие две акумулации, со оглед на околината на Мариово којашто е ненаселена, ќе дадат придонес и од аспект на туризмот и нови приватни инвеститори во иднина“.