Човекот на Путин: Заканите на Трамп не се ништо повеќе од дипломатски потези

Макфакс

26/05/2025

21:08

388

Големина на фонт

а а а

Првиот заменик-претседател на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума, Алексеј Чепа, ги нарече заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за нови санкции против Русија дипломатски потези.

Во интервју за рускиот „Ридус“, тој истакна дека критиките на Трамп за неговата неподготвеност да го прекине вооружениот конфликт биле упатени и до Москва и до Киев.

На овој начин, смета парламентарецот, Белата куќа сака да им покаже на граѓаните дека активно подготвува мировен договор.

Според Чепа, изјавите на Трамп не се „ништо повеќе од дипломатски потези“.

„Во исто време, пред два дена ја слушнавме изјавата на Трамп дека не треба да се преземаат драстични мерки во врска со новиот пакет санкции што се подготвува од Западот, бидејќи е погрешно да се прави тоа за време на подготовката на договорот. Трамп никогаш нема да каже дека нема да примени никакви санкции“, објасни тој, според написите.