Снимка што се шири на интернет! Сопругата на Макрон му удира шлаканица во авион! Брачна шега или нешто друго?

Точка

26/05/2025

13:22

2.497

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи последниве денови кружи видеоснимка од пристигнувањето на францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон во Виетнам, која предизвика бројни коментари и шпекулации.

Најмногу внимание привлече моментот во кој изгледа како Брижит Макрон да му мава шлаканица на својот сопруг.

Снимката е направена на аеродромот во Ханој, во моментот кога се отвораат вратите од претседателскиот авион. Емануел Макрон сè уште стои на прагот од авионот, а камерата забележува како рака го удира по лицето.

Многу корисници на социјалните мрежи веднаш шпекулираа дека станува збор за шлаканица, наводно зададена од неговата сопруга, што предизвика лавина реакции.

Теориите брзо се проширија, а коментарите се движат од шеговити забелешки до сериозни обвинувања за можен физички судир меѓу претседателскиот пар.

Првично, Елисејската палата не се огласи во врска со видеото, но подоцна објави кратко соопштение во кое се наведува дека не станува збор за расправија, туку за „разиграно задевање“ меѓу сопружниците. Извор близок до претседателот за медиумите изјавил дека се работи за „безопасна игра“, и додал дека дел од негативните реакции се поттикнати од „проруски настроени кругови“, со цел нарушување на угледот на претседателот.

Сепак, и покрај официјалните објаснувања, снимката и натаму привлекува внимание на глобалната јавност и остава простор за различни толкувања – од безопасна шега до несоодветно однесување во контекст на висока дипломатија.