Европската Унија е подготвена брзо да дејствува во трговските преговори со Соединетите Американски Држави, но ќе треба да „постигне добар договор“ до 9 јули, првичниот рок за преговори, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Фон дер Лајен во објава на Икс изјави дека имала „добар“ телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. Повикот уследи откако Трамп во петокот изјави дека е незадоволен од темпото на трговските преговори со ЕУ и се закани со воведување царини од 50 проценти за сите стоки од Европската унија почнувајќи од 1 јуни.
На почетокот на април, самиот Трамп постави рок од 90 дена за трговски преговори со ЕУ, кој треба да истече на 9 јули.
„Добар разговор со претседателот на Соединетите Американски Држави“, напиша фон дер Лајен на Икс. „Европа е подготвена брзо и решително да ги забрза преговорите. За да преговараме за добар договор, ни треба време до 9 јули“, рече таа.