Јане Јаневски ќе биде претседател на Надзорниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, соопшти компанијата.
За таа цел тој поднесе оставка од функцијата член на Управен одбор.
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување. Акционерско друштво за производство и промет на вино ВИНАРСКА ВИЗБА – ТИКВЕШ експорт – импорт АД – Кавадарци известува дека на ден 23.05.2025 година е поднесена оставка од страна на членот на Управен одбор, Јане Јаневски поради поднесен Предлог за избор на членови во Надзорен Одбор“, се вели во објавената ценовно чувствителна информација, пренесува Фактор.
[Светозар Јаневски - првиот човек на Тиквеш Винарија]
А, во предлог одлуките за избор на членови на Надзорниот одбор на компанијата, од акционери е поднесено барање до Собранието на акционери, кое ќе се одржи на 30 мај, за член на Надзорен одбор на компанијата да се избере Јане Јаневски, син на првиот човек на компанијата, Светозар Јаневски.
Покрај Јане Јаневски, за членови на Надзорен одбор се предлагаат и Кристијан Поленак и Руди Лазаревски.