Истрагата за пожарот во Кочани е при крај, обвинение следниот месец

Макфакс

22/05/2025

15:06

140

Големина на фонт

а а а

Обвинението за трагедијата во Кочани се очекува да биде готово следниот месец, а досега се испрашани повеќе од 300 сведоци, изјави државниот обвинител, Љупчо Коцевски. Според него, истрагата би требало да заврши за десетина дена.

Тој рече дека истрагата е многу сензитивна и засега не може да открие многу. Рече дека сè уште се испрашуваат сведоци и осомничени.

Обвинителите работат и на собирање докази и рече дека ако бидат откриени нови моменти, истрагата ќе биде проширена.

Во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година, а во кој загинаа 62 лица, досега се осомничени 68 физички и три правни лица.