[ВИДЕО] Самохрана мајка од Кочани дала отказ за да се грижи за повредениот син: „Ни треба помош од државата“

Макфакс

22/05/2025

14:35

1.143

Големина на фонт

а а а

Силвана Петрова, мајка на повредениот Трајче Петров, зборуваше за состојбата во која се наоѓа семејството по пожарот во „Пулс“ и како ја оставила работата за да му се посвети на детето.

Петрова, која е самохрана мајка, за „Сапорт Кочани“ рече и дека ќе даде сè што може за здравјето на своето дете, но неопходна ѝ e помош.

„Сè уште чекаме. Државата не ни помогна со ништо. Не знаеме што сè ќе треба во понатамошниот процес на заздравување – дали ќе има операции, дали ќе треба специјални ракавици или опрема. Јас сè што имам ќе дадам, ама потребна ни е помош и од државата“, рече Петрова.

Раскажа и дека го облекува синот, му ги мачка изгорените раце, му сечка јадење за тој со левата рака може да го принесе до устата.

(!) Содржината на видеото за некого може да биде вознемирувачка