[ВИДЕО] Рускиот министер за надворешни работи: Нема да се согласиме на безусловно примирје со Украина

Макфакс

22/05/2025

09:04

589

Големина на фонт

а а а

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Русија нема да се согласи на безусловно примирје со Украина и покрај притисокот од францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, пишува агенцијата Анадолија.

Зборувајќи пред студентите на Руско-ерменскиот универзитет во Ереван, главниот град на Ерменија, Лавров нагласи дека на Украина не може да ѝ се верува бидејќи ги користела претходните прекини на огнот за зајакнување и вооружување на своите сили, што ѝ овозможило да ги продолжи нападите врз Русија.

„Поминавме низ тоа и претходно и не сакаме да се случи повторно“

„Сега ни велат: „Ајде да прогласиме примирје, па потоа ќе видиме“.

На тоа одговараме: „Не, сме поминале низ тоа и претходно и не сакаме да се случи повторно“, рече тој. Лавров ја обвини Европската Унија за дополнително разгорување на конфликтот со продолжување на испраќањето оружје во Украина, а ги обвини Макрон и Стармер за нивната поддршка на Киев за моменталната ситуација.

Од друга страна, рече тој, и Русија и САД изразија подготвеност да поддржат воспоставување јасни услови за долгорочно решение на конфликтот во Украина.