Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска ја најави реконструкцијата на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
„Ние како Влада, ќе продолжиме и понатаму да инвестираме и да помагаме, се разбира, колку што можеме. Оваа година буџетот на Фондот, ако се спореди со оној буџет да речеме ковид годината 2020, 2021 е за некои 18 милијарди денари повисок, тоа е околу 300-тини милиони евра, што е значителна сума. Дали е доволно? Никогаш не е доволно. Но ако имате близу 900 милиони евра буџет, тогаш тоа е нешто што е значајно, бидејќи 53 милијарди денари е буџетот“, рече Мицкоски.
Тој рече дека дел од проектот, кој што ќе биде спроведен заедно со Владата на Обединетото Кралство, ќе биде токму фокусиран на здравството, и рече дека очекува, нормално, доколку условите се поволни да кулминира со изградба на конечно, посакуваниот голем Клинички центар во Скопје.
„Така што една јасна стратегија, дефинирани цели каде треба да стигнеме, силна поддршка од Владата за јавното здравство, затоа што тоа е во интерес на граѓаните. И уште еднаш на крај, да се заблагодарам на сите оние што се дел од јавното здравство- за тоа што прават за граѓаните“, рече Мицкоски.