Муцунски телефонски разговараше со шефот на дипломатијата на Саудиска Арабија

Макфакс

21/05/2025

13:14

126

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан ал-Сауд.

„Во разговорот беше нагласена заедничката заложба за унапредување на билатералните односи, при што како конкретен чекор од страна на министерот Муцунски беше потенцирано отворањето резидентна амбасада во Ријад – одлука што се смета за поттик за продлабочување на соработката во економските и другите области од заеднички интерес“, соопшти МНР.

Притоа од страна на министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан ал-Сауд била поздравена оваа иницијатива. Тој ја реафирмирал подготвеноста на Кралството за натамошно зацврстување на пријателските односи и зголемување на динамиката на политичкиот, економскиот и на институционалниот дијалог меѓу двете земји.