Со новиот закон ќе може да се вработуваат студенти, пензионери, корисници на социјална помош…

Макфакс

21/05/2025

12:16

293

Големина на фонт

а а а

Со новиот закон за привремено и сезонско ангажирање лица, кој вчера беше изгласан во Собранието, работодавците ќе може да ги пријават своите сезонски или работници ангажирани на одреден период.

Како што појасни Бојан Стојаноски, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, со ова се создаваат и услови работниците да добијат пензиски и здравствени придонеси за својот труд, а државата да ги наплати давачките што сега се во сивата економија.

„Она што особено радува е што лицата ангажирани во согласност со овој закон нема да изгубат веќе стекнати права, како социјална помош, надомест поради невработеност, семејна или старосна пензија, како и стипендија или правото на редовни студии. Во оваа законска категорија граѓани спаѓаат пензионерите, студентите, сезонските работници, а особено оние ангажирани во земјоделството, овоштарството, угостителството и во сервисните дејности, невработените, но и вработените, лица помлади од 18 години, кои ги исполнуваат условите за работа, како и странците со регулиран престој“, рече Стојановски.

Според него, ова иновативно законско решение предвидуваа софтверска платформа. Дигитален регистар, кој ќе ги спојува работодавецот, работникот и институциите, а притоа создава услови за ефикасно спроведување на законот.

Стојаноски додаде дека оваа платформа ќе биде финансирана со грант од Германија.