1.500 прехранбени производи поскапеа поради зголемувањето на ДДВ во време на владеењето на СДС, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ дека синдикалната кошничка поскапува, народот осиромашува, а власта не презема ништо.
„СДС останува на страната на криминалот и корупцијата. СДС единствено на чија страна останува е таа на инкриминираната нивна партиска елита. СДС не го интересира како живее народот, СДС го интересира каде Филипче и Заев ќе ги инвестира украдените пари. Седум години СДС ја пљачкаше државата и го осиромашуваше народот, ги деградираше институции и ја уништуваше економијата, додека неговата партиска елита се богатеше на грбот на граѓаните“, пишува во реакцијата.
Со украдените пари од државата и народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ, сега градат облакодери од 50 ката по Дубаи, добиваат златни визи од таму и уживаат по нивните златни песоци и под палмите на топлите плажи.
„Додека елитата на СДС се богатеше, економијата се уништуваше, народот осиромашуваше така што околу 600 илјади граѓани оставија на работ на сиромаштија. СДС е партија во чие време на владеење до зголемија ДДВ на прехранбените производи од 5 на 10%, и со тоа директно влијаеја на поскапувањето на околу 1500. За разлика од минатото, сега граѓаните и бизнис секторот имаат партнер во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Заеднички се носат одлуки и мерки во интерес на сите засегнати страни.Платите и пензиите растат, се преземаат мерки за намалување на цените на производите, се инвестира во заживување на економијата“, пишува во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека следи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра во изградба на големи капитални инфраструктурни проекти, како што е изградба на брзата железница од Коридорот 10, кој директно ќе влијае на раст и развој на економијата кој ќе донесе раст на БДП и со тоа и подобар животен стандард.