Викендов дожд, локално ќе има невреме

Макфакс

21/05/2025

12:14

132

Големина на фонт

а а а

Утре, ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд и грмежи, а в петок ќе дува засилен југоисточен ветер, информира УХРМ.

Под влијание на нов влажен бран во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, локално во форма на невреме со пообилен дожд (над 30 л/м2), проследен со грмежи и засилен ветер.

Дневните температури ќе бидат во опаѓање.