[ВОЗНЕМИРУВАЧКО] „Анима мунди“: Свирепо мачење штрк во Гевгелија, бараме итна реакција од надлежните институции

Макфакс

21/05/2025

12:13

243

Големина на фонт

а а а

„Анима мунди“ извести за случај на страшно малтретирање и повредување штрк од страна на група деца.

„Според сведочења на очевидци, кои велат дека постојат и видеоснимки од безбедносни камери, се потврдува дека се работи за свесен и суров чин на насилство врз диво и кревко младо животно, што завршило со сериозни повреди.

Овој настан не смее да помине незабележано, ниту неказнето. Насилството врз животните мора јасно да се препознае и третира како психопатологија и сериозна социјална девијација. Децата што извршиле ваков чин се жртви на општествената незаинтересираност и на игноранцијата, но и потенцијален ризик за себеси и околината доколку не бидат веднаш опфатени со психолошка и воспитна интервенција“, велат од „Анима мунди“.

Насилството врз животни не е развојна фаза, туку повик за итна институционална и општествена реакција: свирепо мачење на...

Posted by Anima Mundi - здружение за заштита на животни on Wednesday, May 21, 2025

Од таму бараат итна реакција од надлежните институции.

„Детална истрага и одговорност од родителите и/или старателите; психолошка процена и работа со децата што учествувале во чинот; активирање на сите законските механизми за заштита на животните; јавна осуда на настанот од образовните институции и локалната самоуправа.

Нема оправдување за насилство, ниту изговор за молк. Секоја форма на насилство мора да се превенира, осуди и санкционира.

Затоа што оној што денес малтретира животно – утре ќе повреди човек“, додаваат од „Анима мунди“.