[ФОТО] Опожарени три возила во Битола, едното на политичар и поранешен кандидат за градоначалник од СДСМ

Макфакс

20/05/2025

13:26

1.358

Големина на фонт

а а а

Три возила во Битола синоќа биле опожарени, а едното е сопственост на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од СДСМ, Христо Кондовски.

Од полицијата информираа дека сите возила се во сопственост на приватни компании, извршен е увид и нема повредени лица.


„Опожарени се патничко возило ‘тојота рав 4‘ со битолски регистарски таблички, сопственост на приватна фирма, а го користела С.К. од Битола, патничко возило ‘фолксваген пасат‘ со тетовски таблички, сопственост на приватна фирма и возило марка ‘дачиа логан‘ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма“, велат од полицијата.


Реакција имаше и од СДСМ Битола од каде го осудија палењето на возилото на Кондовски.

„Овој насилен чин влева страв кај граѓаните за нивната личната безбедност, а на само неколку месеци пред локалните избори, и несигурност за интегритетот на процесот“, велат од партијата.

Се додава дека Битола станува небезбедна, а со вакви појави гледаме дека и цела Македонија е претворена во место на страв и пресметки.


Се бара од Владата итно да реагира, истрагата да биде брза и ефикасна, а сторителите да бидат изведени пред правдата.

РЕАКЦИЈА НА СДСМ БИТОЛА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ВОЗИЛО ВО БИТОЛА

СДСМ Битола најостро го осудува опожарувањето на возилото на...

Posted by СДСМ Битола on Tuesday, May 20, 2025

Фото: Тера