Ширер и Линекер со идентична прогноза за утрешното финале на „Сан Мамес“

Дерби

20/05/2025

11:22

520

Големина на фонт

а а а

Стадионот „Сан Мамес“ ќе биде домаќин на големото финале во Лигата на Европа кое се игра утре, па во низата најави за пресметката на двата премиерлигашки ривали кои имаа ужасни сезони во Англија сега се приклучија и Алан Ширер и Гери Линекер.

Мислењата во Англија се поделени кога е во прашање утрешниот натпревар меѓу тимовите кои се на 16-та и 17-та позиција на табелата во Премиер лигата, но без оглед на катастрофалните сезони, еден од овие два тима ќе добие „џек-пот“ со освоен трофеј и место во Лигата на шампионите наредната сезона.

Поради традицијата на финални натпревари, Јунајтед влегува како благ фаворит за трофејот во оваа пресметка, но Алан Ширер и Гери Линекер се потпираат на поблиското минато, посочувајќи дека веруваат во четврта победа на „петлите“ во исто толку пресметки со „ѓаволите“ оваа сезона.

– Станува збор за два тима кои се „скршени“ во Премиер лигата, но и покрај се, еден од нив ќе игра во Лига на шампиони. Мојот тип е 2:2 или 3:3 по 90 или 120 минути и победа на Тотенхем во пенал рулет, – посочува Ширер.

– Победникот ќе добие трофеј и Лига на шампиони, а губитникот нема да добие ништо. Јунајтед изгледа како клуб кој е навикнат да освојува трофеи, освојуваа и изминативе сезони, но овојпат очекувам да биде тесно. Очекувам и неочекувани работи, но одам за Спарс и типувам на Тотенхем. Оваа година видовме како титули освојуваа клубови кои не освоиле ништо во својата историја, па можеби ова е година и за Тотенхем. Очекувам продолженија и победа на Тотенхем, – додава Линекер.