[ФОТО] Светскиот заводник е ѕвездата на Кан

Макфакс

20/05/2025

08:10

1.446

Големина на фонт

а а а

Популарниот шведски актер Александар Скарсгард е една од многуте познати личности кои прошетаа по црвениот килим на 78-от Кански филмски фестивал, а неговото модно издание привлече неверојатно внимание.

Навикнати сме жените да привлекуваат внимание во внимателно одбрани креации и гламурозни изданија специјално создадени за оваа пригода, сепак, се чини дека можеме да очекуваме модни откритија и од мажите.


Александар носеше високи кожни чизми со одело, вратоврска и бела кошула, а беше стилизиран во духот на неговата улога во филмот „Pillion“.


И не е ни чудо што собраните фоторепортери се обидоа да го фотографираат од секој можен агол…


Појавувањето на овој актер на црвениот килим во Кан дојде по 14 години, бидејќи последен пат присуствуваше на фестивалот во 2011 година.